Пародонтопатијата е многу често, прогресивно заболување кое го напаѓа потпорниот апарат на забите и ако не се лечи доведува до расклатување и испаѓање на забите.
Кои се причините за појава на пародонтопатија?
Главната причина за појава на пародонтопатијата е лошата хигиена на забите и создавањето на наслаги на забите (дентални плаки) каде се населуваат бактериите кои со своите токсини предизвикуваат најпрво воспалување на месото околу забите (гингивата), кое ако не се третира на време, води до појава на пародонтални џебови и пародонтопатија со губење на потпорната коска на забите, нивно расклатување и испаѓање.
Секако дека пушењето, старите пломби, стресот, некои системски заболувања како дијабетесот се фактори кои го помагаат развивањето на пародонтопатијата.

Кои се симптомите на пародонтопатија?
Првите симптоми најчесто се отечена и црвена гингива,со чуство на чешање. Покасно се јавува болка на допир и крварење при четкање на забите и џвакање цврста храна, непријатен мирис од устата, осетливосст и болка на топла и ладна храна, до појаки пулсирачки болки кои не се смируваат без употреба на аналгетик.

Како да се спречи појавата на пародонтопатија?
Главниот фактор за превенција на пародонтопатија е беспрекорна хигиена на устата, четкање на забите минимум двапати дневно, наутро и навечер, употреба на забен конец, интердентални четки и водички за испирање на устата, се со цел да се спречи создавањето на забните плаки. Посетувајте го вашиот стоматолог на шест месеци да направи контрола и чистење на забниот камен,обработка на пародонталните џебови доколку ги имате и професионално полирање на забите. Замолете го да ви ја објасни техниката на миење на забите, бидејќи неправилното миење може истотака да ги оштети забите и гингивата.