1. Доењето е сепак најдобро за бебињата.
2. Не го заспивајте бебето со шише со млеко или сок.
3. Бебето старо 6 месеци веќе е способно, доколку му дозволите да пие од чаша.
4. Најдобриот пијалок за децата е водата.
5. Млекото сепак е неопходно за децата, како најдобар извор на калциум за нивната возраст. Калциумот се вградува во забите кои сеуште не се изникнати и токму од него зависи колку ќе бидат здрави и цврсти забите на вашето дете.

6. Вештачките сокови и засладените пијалоци не им се потребни на најмалите.
6. Вештачките сокови и засладените пијалоци не им се потребни на најмалите.
7. Свежата храна им е потребна и на малите деца. Со појавата на првите забчиња вашето дете е подготвено да јаде и цврста храна.
8. Чистењето на забите кај децата започнува со појавата на првото запче во устата (6 месеци). Новите запчиња може да ги чистите со водена газа или мала мека четка наменета за соодветната возраст.
9. Првата посета на стоматолог направете ја пред вашето дете да наполни 2 години. Доколку има почетен кариес, вашиот стоматолог ќе ви даде соодветни инструкции за понатаму.
9. Првата посета на стоматолог направете ја пред вашето дете да наполни 2 години. Доколку има почетен кариес, вашиот стоматолог ќе ви даде соодветни инструкции за понатаму.
10. Оралното здравје е важно за целото семејство. Бебињата не се раѓаат со бактеријата која е одговорна за создавањето на кариес. Оваа бактерија се пренесува од родителите на бебињата преку бакнеж и користењето на ист прибор за јадење.